Репрезентацијата на Англија со пресврт во вториот дел забележа првата победа над Велс со 2:1 во првиот меч од 2. коло на Б групата на Европскиот фудбалски шампионат во Франција.
На средбата одиграна во Ленс, репрезентацијата на Велс поведе во финишот на првиот дел (42-минута) со прекрасниот гол од слободен удар на својот најдобар фудбалер Герет Бејл.
Во второто полувреме, откако во игра беше уфрлен фудбалерот на Лестер, Џејмс Варди, Англичаните заиграа далеку поофанзивно. Тоа донесе и резултат, па најнапред Варди во 56-минута го израмни резултатот, а во втората минута од судиското дополнение (90+2), Дание Стариџ и донесе победа на Англија од 2:1.
Во попладневниот и вечерниот термин ќе се одиграат двата натпревари од Ц групата. Од 18 часот во Лион, ќе играат Украина и Северна Ирска, а во терминот од 21 часот на „Стад де Франс’’ во Париз, ќе се сретнат Германија и Полска.