Англија со победа над Турција ги почна подготовките за ЕУРО 2016

Од:

Англиската фудбалска репрезентација со победа над Турција ги стартуваше подготовките за претстојното Европско првенство во Франција, кое ќе започне на 10 јуни.

Англичаните во првиот контролен меч одигран во Манчестер ја победија Турција со 2:1. По само три минути игра „Гордиот Албион“ дојде во водство, по акцијата на играчите на Тотенхем, односно асистенцијата на Деле Али и погодокот на Хари Кејн. Но, Турците преку Хакан Чалханоглу, десет минути подоцна го израмнија резултатот на 1:1.

Победничкиот гол за Англија беше дело на најдобриот стрелец од редовите на новиот англиски шампион Лестер, Џејми Варди кој во 83.минута ги постави конечните 2:1.

До почетокот на ЕУРО 2106 селекцијата на Англија ќе одигра уште два натпревари. Следниот против Австралија ќе се игра во Сандерленд во четврток, додека на 2 јуни на „Вембли“ во Лондон, ќе гостува Португалија.

Турција пак, ќе одигра натпревари против Црна Гора на 29 мај во Анталија, додека на 5 јуни ќе гостува во Љубљана кај Словенија.

На ЕП, селекцијата на Англија ќе настапува во Б групата заедно со Русија, Велс и Словачка, а конкуренти на Турција во Д групата ќе бидат Шпанија, Хрватска и Чешка.

Би можело да ве интересира

Валс: Спречивме терористички напад пред почетокот на ЕУРО 2016

Поразот на „триколорите“ го следеа рекордни 20,83 Французи пред своите екрани

Емир Латифовиќ

ЕУРО 2016: Педесет лица уапсени во Париз

Емир Латифовиќ

Немири пред навивачка зона во Париз, полицијата употреби солзавец

Емир Латифовиќ

Роналдо: Ми се оствари сонот, верував во соиграчите

Емир Латифовиќ

Едер: Роналдо ми кажа дека ќе постигнам гол

Емир Латифовиќ