Англичаните направија листа од 35 најдобри фудбалери на сите времиња – Меси е на врвот

Од:

Прашањето за најдобриот фудбалер на сите времиња е секогаш предмет на дискусија и различни мислења.

Тешко е да се дојде до одговор со кој сите ќе се согласат, но порталот GiveMeSport ја состави својата листа од 35 најдобри играчи.

На листата има имиња од типот на Лотар Матеус, Руд Гулит, Џорџ Бест, Роберт Баги…

Англичаните го сметаат Лионел Меси за најдобар играч на сите времиња, кој освоил апсолутно сè во својата кариера.

Тој беше клупски шампион на Европа четири пати со Барселона, а го освои и Светското првенство во 2022 година со Аргентина. Осум пати ја освои Златната топка.

Зад него е Кристијано Роналдо, кој се искачи на врвот на Европа пет пати со два различни клуба, а освои две Лиги на нации и Европско првенство со Португалија.

Според GiveMeSport, Бразилецот Пеле е трет, Диего Марадона е четврти, а Јохан Кројф ја затвора топ 5.

Алфредо Ди Стефано, Франц Бекенбауер, Зинедин Зидан, Роналдо Назарио и Ференц Пушкаш исто така најдоа место во топ 10.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ирански деца масовно ги палат дресовите на Меси, навредени се од средбата со Трамп

А1он

Роналдо е повреден – ќе биде ли фит до почетокот на Мундијалот?

А1он

Кристијано Роналдо купи клуб во Шпанија

А1он

Кандидатот за претседател на Барселона најави дека ќе го врати Меси во клубот

А1он

(ВИДЕО) Роналдо го заврши штрајкот, се врати на терен и го постигна 962. гол во кариерата

А1он

Фудбалерот на саудискиот Ал Наср, Кристијано Роналдо, продолжува со штрајкот втор натпревар по ред