Иако е еден од ретките критичари на новиот формат на Лигата на шампионите, гласот на човекот кој во витрините има седум европски шампионски трофеи се слуша надалеку.
Карло Анчелоти двапати беше на тронот на Европа како играч, а потоа уште пет пати како тренер во елитното натпреварување.
Откако Реал Мадрид триумфално го заврши лигашкиот дел од новото издание на Лигата на шампионите со победа над Брест во Франција (3:0), Анчелоти „згрме“.
„Кралскиот клуб“ не успеа да се најде меѓу осумте најдобри, а како шампион на Европа ќе мора да игра во осминафиналето.
Затоа оваа сезона наместо максималните 72 натпревари ќе треба да одигра дури 74.
„Не ми се допаѓа новиот формат на Лигата на шампионите, има премногу натпревари. Наместо да се намалува бројот на натпревари, тој се зголемува“, изјави Анчелоти по натпреварот во Брест.
Во споменатиот бараж Реал го чекаат Манчестер Сити или Селтик, а кој од овие два клуба ќе им биде ривал ќе дознаат на ждрепката во петок од 12 часот.
Анчелоти има јасна желба.
„Не сакаме да играме против Сити. Тој клуб има поголеми шанси да ја освои Лигата на шампионите, па би било добро да го избегнеме тоа“, одговори тој.