Анчелоти: Добро е што навивачите не будат со свирежи

Од:

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти се осврна на свирежите од навивачите упатени кон неговиот тим за време на вечерашниот натпревар против Шахтјор во 4. коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

Реал во Мадрид победи во неубедлива игра со 2:1 благодарение на двата гола на Карим Бензема.

– Ги разбирам навивачите и нивната реакција, бидејќи ја знам атмосферата на стадионот. Ова е публика која бара многу. Добро ги почнавме двете полувремиња, а потоа застанавме и не бевме многу агресивни. Ова може да се случи и добро е што навивачите не будат со свирежи, изјави Анчелоти.

Реал по четири натпревари има три победи и е лидер во Д-групата во Лигата на шампионите.

Би можело да ве интересира

Анчелоти: Мбапе може да стигне до нивото на Роналдо, но летвичката е поставена многу високо

А1он

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти оди со 23 играчи за дуелот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите

Анчелоти: Новиот формат на ЛШ не е добар

А1он

Анчелоти пак го брани Винисиус: Два меча суспензија е премногу!

А1он

Анчелоти: Ќе поднесеме жалба поради исклучувањето на Винисиус, не беше за црвен

А1он

Искри во соблекувалната на Реал – ќе ја погоди ли Анчелоти вистинската позиција на Мбапе?

А1он