АМС и ССФМ в среда ќе ги прогласат најдобрите македонски спортисти за 2015 година

Од:

Агенцијата за млади и спорт (АМС) и Сојузот на спортски федерации на Македонија (ССФМ) по 61.ви пат годинава традиционално ги избираат најдобрите спортисти за годината што изминува.

– Почнувајќи од далечната 1954 година кога скијачот Рефик Јахија за првпат беше избран за спортист на годината, оттогаш па наваму низ годините на оваа спортска манифестација продефилираа звучни имињана кои се стекнаа со ова спортско одличје и практично ја промовираа Македонија на меѓународната сцена со остварените резултати. И оваа манифестација ќе биде празник на спортот и еден вид сатисфакција за сите они субјекти кои се вклучени во спортот директно или индиректно, пред се тоа се однесува за спортистите, а тука се и нивните тренери, стручните лица, раководните структури во федерациите и клубовите, медиумите, навивачите, а се со единствена цел да се глорифицираат нивните резултати и да се промовира и афирмира македонскиот спорт, изјави на денешната прес-конференција директорот на АМС Марјан Спасески.

За годинашниот избор номинирани се спортисти и спортски субјекти во десет категории за кои што се гласа, како и три категории за најуспешни училишни спортски клубови во основното, средното и високото образование.

Номинациите и номинираните произлегоа од националните спортски федерациите, медиумите и новинарите кои учествуваат во гласањето во кое учествува и Советот за спорт како стручно тело при АМС.

Свеченоста оваа година ќе се одржи в среда (23 декември) со почеток од 19 часот во Македонскиот народен театар во Скопје. Најдобрите ќе добијат статуетка.

Спасески ги информира новинарите дека Владата на Република Македонија донесе одлука за првпат годинава да додели титула спортски амбасадори. Годинава тоа се четворица врвни спортисти и спортски работници: Кирил Лазаров, Андон Дончевски, Јошко Миленковски и Агим Ибраими. Дел од нив ќе учествуваат на гала свеченоста.

– Станува збор за измени во Законот за спорт каде што не е дефиниран бројот на спортски амбасадори кои годишно се избираат. Верувам дека секоја година минимум ќе имаме по два-тројца спортски амбасадори кои ќе ја добијат титулата, значајна за дополнително стимулирање на овие спортски работници да ја промовираат државата на меѓународната сцена, потенцира директорот на АМС.

Спасески додаде дека се размислува спортските амбасадори да добијат и дипломатски пасош и на тој начин да добијат еден вид бенефиција од државата за нивните активности на меѓународен план.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ