АМС генерален покровител на шаховската олимпијада за слепи лица

Од:

Агенцијата за млади и спорт ќе биде генерален покровител на Шаховската олимпијада за слепи лица. Ова е договорот меѓу челните луѓе на Националниот сојуз на слепи и Агенцијата за млади и спорт, постигнат денеска.

Претседателот на националната спортска федерација на слепи Коце Димов, претседателот на националниот сојуз на слепи на Република Македонија Жарко Селковски, како и генералниот секретар на националниот сојуз на слепи Стерја Димов беа гости во Агенцијата за млади и спорт, каде со директорот Марјан Спасески разговараа околу организациските активности поврзани со претстојната Шаховска олимпијада за слепи и визуелно хендикепирани лица, која од 18-29 јуни ќе се одржи во Охрид. На овој настан ќе настапат околу 300 учесници од 30 држави од светот.

Агенцијата за млади и спорт се јавува како главен покровител на олимпијадата, за која од својот буџет издвои 1,8 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Eкс светскиот шампион во шах ги продаде фармерките поради кои беше казнет

А1он

Почина Борис Спаски – еден од најдобрите шахисти на сите времиња

А1он

Тинејџер од Индија е нов светски шампион во шах

А1он

Високите амбиции го враќаат шаховскиот клуб АЛКАЛОИД повторно во борба за европскиот клупски трон

ВИДЕО: Русинка ја отру противничката на шаховски турнир, надзорните камери снимија се

Титулата е одбранета: Шахистите на Алкалоид повторно до шампионскиот наслов!

Горан Наумовски