Аморим: Секогаш исто – кога победуваме не е до составот, а кога губиме – вината е на составот

Од:

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, повторно остана без вистински одговори откако неговиот тим загуби со 3-1 на гостински терен од Брентфорд.

„Утре ќе бидеш отпуштен“, одекнуваше од трибините додека навивачите на Брентфорд му скандираа на Аморим, кој седеше на клупата гледајќи кон теренот.

Јунајтед прими два гола на почетокот на натпреварот, а одбраната изгледаше целосно изгубено. Бенџамин Шешко го намали резултатот, но капитенот Бруно Фернандеш промаши пенал во второто полувреме, па гостите не успеаја да освојат барем бод.

Проблемите за Аморим и Јунајтед продолжуваат, бидејќи веќе поминаа осум последователни гостувања во Премиер лигата без победа. На прашањето колку беше тежок денешниот пораз, Аморим одговори: „Чувството е секогаш исто. Секако дека сакаме да победиме. Не мислам дека ја контролиравме играта. Игравме како на Брентфорд му одговараше“.

Бевме навистина збунети. Втора топка, прва топка, прекини. Во сите клучни моменти, сè беше против нас. Тешко е повторно да се изгуби, но мора да размислуваме за следниот натпревар“, изјави Аморим.

За резултатите од оваа сезона и фактот дека Јунајтед е само еден лош натпревар далеку од кризата, тој рече: „Секогаш е исто. Во клуб како овој, многу боли кога губиме. Мора да размислуваме за следниот натпревар. Секогаш е исто. Кога победуваме, не е до составот, а кога губиме, вината е на составот. Го разбирам тоа.“

За следниот тест против Сандерленд и колку е важно да се победи пред паузата за репрезентативни натпревари, тој рече: „Сè е важно во овој клуб. Не се само домашните натпревари или нешто друго. Мора да победуваме на секој натпревар, а тоа не го правиме сега.“

Би можело да ве интересира

Рубен Аморим – најлошиот менаџер на Манчестер Јунајтед од Втората светска војна

А1он

Инфлуенсер не сака да се потстриже се додека Јунајтед не победи петпати по ред – сега се срами да излезе од дома

А1он

Словенецот Шешко и официјално е играч на Манчестер Јунајтед

А1он

Јунајтед го „краде“ Ѓокереш од Арсенал?

А1он

„Бомба“ од Островот – Манчестер Јунајтед го носи Александар Митровиќ?!

А1он

Аморим: Јунајтед може да биде најлошиот премиерлигаш кој освоил европски трофеј

А1он