Алжирската боксерка Имане Келиф, која беше обвинувана дека е маж, се пласираше во полуфиналето на олимпискиот турнир во категоријата до 66 килограми и на тој начин обезбеди медал, победи со едногласна одлука ја победи Унгарката Ана Лука Хамори.
Келиф апсолутно доминираше во сите рунди, а по победата се расплака и се залета во прегратките на тренерот Педро Дијаз. Алжирката за пласман во финалето во кое ќе биде фаворит ќе се бори против Тајланѓанката Јанјаем Суванафенг.
Келиф се најде во фокусот на светското внимание откако Италијанката Адела Карини се повлече од мечот од првото коло тврдејќи дека не може да ја издржи силата на ударите по што тргна лавината обвинувања кои се движеа се до лажни тврдења дека Келиф е маж со сменет пол.
Во меѓувреме Италијанката Карини се извни за хаосот што го предизвика и шо ја вовлече Келифи во мачни објаснувања за тоа дали е маж или жена.
Првиот човек на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах го осуди говорот на омраза упатен кон боксерките Имане Хелиф од Алжир и Лин Ју Тинг од Тајван.
Во последните денови доста се говори за двете боксерки, поточно се расправа за нивниот пол.
Двете беа дисквалификувани од Светското првенство во Индија минатата година, откако Меѓународната боксерска федерација соопшти дека нивните резултати за полот биле неодредени, ама не доставиле документација.
-Нема да учествуваме во политички мотивирана… културна војна. И двете боксери се родени и израснати како жени, во пасошот им стои дека се жени и со години се натпреваруваат како жени. Некои сакаат да бидат сопственици на дефиницијата за тоа што е жена – истакна Бах.
Хелиф и Лин се натпреваруваа и на Олимпијадата во Токио, ама не освоија медал.