Шпанскиот фудбалер Пако Алкасер ги заврши сите обврски потребни за трансферот во Барселона. Тој денеска ги помина и медицинските прегледи и сега се чека неговата промоција на „Камп Ноу“ објавија шпанските медиуми.
Каталонците за 22-годишниот напаѓач ќе и платат на Валенсија 30 милиони евра.
Алкасер во Валенсија беше прв напаѓач, но во Барселона има голема конкуренција за да обезбеди првотимски статус во присуство на Лионел Меси, Луис Суарез и Нејмар.
Во спротивна насока, од Барселона во Валенсија, ќе замине Мунир Ел Хадади како позајмен играч.