Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз беше предмет на шега на тренингот на оваа репрезентација на стадионот „Филип Шатриере“.
Причината беше неговото „лајк“ на фотографија со сексуална конотација, за која вели дека не ја разбрал.
„Карлос Алкараз откако го доживеа Олимпиското село“, стои во описот на фотографијата.
This Carlos Alcaraz’s like. 🤭 pic.twitter.com/QiFw0ZXq8v
— Clay (@_claymagazine) July 25, 2024
Поради ова Алкараз беше задеван од соиграчите од репрезентацијата, за потоа момчето од Мурсија да се обиде да се извлече.
„Човеку, кликнав „ми се допаѓа“ без значење, не разбрав“, изјави Карлитос.
Целата оваа приказна е за престојот на Алкараз во олимпиското село и вниманието што го привлекува, особено од спортистките.
Во шпанскиот тим очигледно владее одлична атмосфера пред почетокот на натпреварувањето.
Алкараз во сабота ќе одигра два меча, најпрво во сингл против Хади Хабиб, а потоа и во двојки, во пар со Рафаел Надал, против аргентинскиот двоец Гонзалес-Молтени.