Алкараз се пласира во четвртфиналето на Ролан Гарос

Од:

Бранителот на титулата Карлос Алкараз денес се пласираше во четвртфиналето на Ролан Гарос откако го победи Американецот Бен Шелтон со 3:1 (7:6(10:8), 3:6, 4:6, 6:4) за три часа и 22 минути.

Шелтон пропушти одлична шанса во тај-брејкот од првиот сет во кој не искористи ниту три сет-топки, па Алкараз поведе со 1:0.

Во првиот гем од вториот сет, Американецот не искористи ниту една од шесте брејк-топки, а само еден брејк беше доволен за Алкараз да поведе со 2:0.

Шелтон го доби третиот сет со кршење на сервисот на Алкараз кога водеше со 5:4.

Во четвртиот сет, Шпанецот го направи првиот брејк, а кога водеше со 5:3, не ја искористи првата меч-топка. Во следниот гем, бранителот на титулата сепак успева да победи.

Алкараз ќе игра против Томи Пол во четвртфиналето. Американецот претходно денес го победи Австралиецот Алексеј Попирин со 3:0.

Би можело да ве интересира

Алкарас се пласираше во своето прво четвртфинале на Мастерсот во Монте Карло

Горан Наумовски