Македонскиот шаховски шампион Алкалоид од утре до 18 октомври ќе учествува на Европскиот клупски куп што ќе се одржи во Порто Карас, Грција.
Пред две години Алкалоид во Нови Сад стана европски шампион, а минатата година во Анталија заврши на втората позција.
И годинава „Фармацевтите“ се со високи амбиции, бидејќи во својот состав имаат шест врвни светски велемајстори од Кина, Русија и Украина, заедно со двајцата најдобри македонски играчи.
Состав на Алкалоид за ЕКК 2018: Динг Лирен, Ју Јангји, Дмитриј Јаковенко, Дмитриј Андрејкин, Павел Ељанов, Јури Криворучко, Трајко Недев и Филип Панчевски. Капитен на екипата е Драгољуб Јаќимовиќ.