Алкалоид поразен на Европскиот клупски куп

Од:

Шаховскиот клуб Алкалоид го претрпе првиот пораз на Европскиот клупски куп што се одржува во Скопје, откако синоќа во дуелот од 5. коло загуби од Падова со 3,5:2,5. Од другите македонски екипи Гамбит Асеко го победи холандскиот тим Ен Пасант со 4:2, додека другите две екипи одиграа нерешено.

Центар „ремизираше“ 3:3 со данскиот тим Јестмарк, додека Карпош одигра 3:3 со Кардиган од Велс.

Денеска во рамите на 6. коло Алкалоид ќе игра со лидерот на табелата екипата на Сиберија, Гамбит Асеко за противник го има тимот на Марена, додека Центар ќе игра против Бешикташ, а Карпош за ривал ја има екипата на Абергавени од Велс.

На чело на табелата е Сиберија со 10 поени, а Алкалоид е во групата на осум екипи со 8 бодови на делба од 2-то до 9-то место.

Женската екипа на Гамбит Асеко во 5. коло ја победи екипата на ШСМ со 3:1 и се наоѓа на втората позиција на табелата со 8 поени, зад екипата на Нона која има 10. Денеска женскиот тим на Гамбит Асеко ќе игра против Ришон Лезион од Израел.

Би можело да ве интересира

Eкс светскиот шампион во шах ги продаде фармерките поради кои беше казнет

А1он

Почина Борис Спаски – еден од најдобрите шахисти на сите времиња

А1он

Тинејџер од Индија е нов светски шампион во шах

А1он

Високите амбиции го враќаат шаховскиот клуб АЛКАЛОИД повторно во борба за европскиот клупски трон

ВИДЕО: Русинка ја отру противничката на шаховски турнир, надзорните камери снимија се

Титулата е одбранета: Шахистите на Алкалоид повторно до шампионскиот наслов!

Горан Наумовски