Алкалоид подготвен за шаховскиот Европски клупски куп 2016

Од:

Најуспешниот клуб во шаховската историја на Македонија, Алкалоид амбициозно се подготви за најсилното клупско шаховско натпреварување – Европски клупски куп кое оваа година ќе се одржи од 5 до 12 ноември во Нови Сад, Србија.

По делба на петтото место минатата година, Алкалоид сега има амбиција за уште повисок пласман. За таквата цел, составот на македонскиот шампион оваа година е засилен со уште двајца врвни светски велемајстори: Динг Лирен (последните години најдобар кинески играч) и Павел Елјанов, (најдобриот Украински шахист во моментов, кој ја предводеше репрезентацијата на Украина до делба на првото место на последната шаховска Олимпијада 2016).

Боите на „фармацевтите“ ќе ги бранат осум играчи, притоа шест силни странски велемајстори од Русија, Украина и Кина, заедно со двајцата најдобри македонски шахисти:

– Динг Лирен (роден 1992), член на кинеска репрезентација и освојувач на златен медал на Олимпијадата 2014 и на Светското Екипно Првенство 2015, при тоа и бронзен медал за индивидуален резултат. Ding е трикратен шампион на Кина (2009, 2011, 2012). Во август 2015 станува вториот кинески играч кој што влегол во ТОП 10 играчи во светот. Во Јули 2016 Ding беше највисоко рангиран Блиц играч во светот;

– Павел Елјанов (роден 1983), стандарден член на Украинската репрезентација со која има освоено две олимписки злата; во 2015 година на Светскиот Куп низ систем на меѓусебни елиминации од 128 учесници на стартот стигна до полуфинале, во кое беше поразен од победникот на турнирот, два пати член на шампионска екипа на Европски Клупски Куп (2009 и 2010);

– Дмитри Андреикин (роден 1990) член на Руската шаховска репрезентација; Светски јуниорски првак за 2010 година и Шампион на Русија за 2012 година, два пати член на шампионска екипа на Европски Клупски Куп (2009, 2010), два пати (2008 и 2012) златен медал за индивидуален резултат на Европски Клупски Куп;

– Јангуи Ју (роден 1994), член на кинеската репрезентација со која освојува златен медал на последната Олимпијада 2014.  Во 2015 година златен медал за индивидуален резултат на Европски Клупски Куп;

– Дмитри Јаковченко (роден 1983), член на Руската репрезентација; Европски шампион за 2012 година; Светски јуниорски првак до 18 години во 2001 година; Со Руската репрезентација Првак на Европскиот Екипен Шампионат за 2007 година и носител на сребрен Олимписки медал за 2012 година, два пати златен медал за индивидуален резултат на Олимпијада (2008 и 2012), два пати член на шампионска екипа на Европски Клупски Куп (2005, 2006);

– Јуриј Криворучко (роден 1986) член на Украинската шаховска репрезентација; Шампион на Украина за 2013 година и континуирано член на ШК „Алкалоид“ во последниве 5 години; 2015 година втор најдобар индивидуален резултат на Европски Клупски Куп;

– Филип Панчевски (роден 1988), член на Македонската шаховска репрезентација. Шампион на Македонија 2010, 2012, 2014, 2016;

– Трајко Недев (роден 1973), член на Македонската шаховска репрезентација, со која освојува сребрен медал за индувидуален резултат на Олимпијата 1996 и Европското Екипно Првенство 2003 година. Шампион на Македонија 1997, 2000 и 2011;

– Драгољуб Јаќимовиќ (роден 1964), како член на Македонската шаховска репрезентација освојува златен медал за индивидуален резултат на Олимпијадата 2000. Долгогодишен селектор на репрезентацијата. Капитен на екипата на ШК Алкалоид од 2009 година.

Сите странски играчи, освен Динг Лирен, во изминатите години веќе биле дел од составот на ШК „Алкалоид“.

Би можело да ве интересира

Високите амбиции го враќаат шаховскиот клуб АЛКАЛОИД повторно во борба за европскиот клупски трон

ВИДЕО: Русинка ја отру противничката на шаховски турнир, надзорните камери снимија се

Титулата е одбранета: Шахистите на Алкалоид повторно до шампионскиот наслов!

Горан Наумовски

Шаховската сезона продолжува со отворените првенства на Македонија – ИМ Панчевски и ИМ Коскоска се први носители

ШК Алкалоид со нови медали на младинските првенства, промовиран и ШК Мулти Есенс

Предраг Петровиќ

Полски шахист одби да се ракува со рускиот велемајстор, кој е жесток поддржувач на Владимир Путин

Предраг Петровиќ