Шаховскиот клуб Алкалоид и годинава ја освои шампионската титула во рамки на екипниот државен шампионат што изминатата недела се одржуваше во Струга. Со освоени максимални 10 бодови во пет мечеви, шахистите на Алкалоид ја потврдија својата доминација на македонската шаховска сцена.
Второто место го освои екипата на „Гамбит-Асеко“, а третото место им припадна на шахистите на Стево Патако од Битола.
Двете најуспешни екипи на ова натпреварување во своите редови имаа засилувања со странски играчи. Гамбит ангажира двајца силни шахисти од Бугарија, додека Алкалоид се засили со тројца играчи од Украина.