Алкалоид организатор на Отворен турнир во забрзан шах

Од:

На 18 февруари (сабота) со почеток во 10 часот ќе се одржи традиционалниот отворен меѓународен турнир во рапид темпо „Алкалоид 2017“.

На турнирот, своето учество до сега го пријавиле рекорден број, над 170 учесници од шест земји. Прворангиран шахист на турнирот е силниот велемајстор од Бугарија Кирил Георгиев, а учествуваат и најдобрите македонски шахисти интернационалните мајстори Филип Панчевски (минатогодишен победник) и Дејан Стојановски, велемајсторите Трајко Недев, Влатко Богдановски, Звонко Станојоски и Драгољуб Јаќимовиќ, како и бројни млади шахисти, вклучувајќи ги најмладите репрезентативци ФИДЕ мајсторите Никола Николовски и Тони Лазов.

Партиите ќе се играат во хотелот „Континентал“ во Скопје. Вкупниот награден фонд изнесува 122.000 денари.

Би можело да ве интересира

Eкс светскиот шампион во шах ги продаде фармерките поради кои беше казнет

А1он

Почина Борис Спаски – еден од најдобрите шахисти на сите времиња

А1он

Тинејџер од Индија е нов светски шампион во шах

А1он

Високите амбиции го враќаат шаховскиот клуб АЛКАЛОИД повторно во борба за европскиот клупски трон

ВИДЕО: Русинка ја отру противничката на шаховски турнир, надзорните камери снимија се

Титулата е одбранета: Шахистите на Алкалоид повторно до шампионскиот наслов!

Горан Наумовски