Алкалоид одигра нерешено 3-3 со Глобус, а со ист резултат заврши и дуелот на Гамбит Асеко

Од:

Европскиот првак во шах екипата на Алкалиод одигра нершено 3:3 со руската екипа Глобус во дербито на 6. коло од Европскиот клупски куп што се игра во Анталија. Сите шест партии завршија со реми, а последна заврши на првата табла меѓу Динг (Алкалоид) и Крамник (Глобус). Нерешено 3-3 заврши и дуелот на вториот македонски тим Гамбит Асеко со Дунајска Стреда.

Распоред на двојките на дуелот Алкалоид – Глобус:
Лирен Динг – Владимир Крамник реми,
Павел Ељанов – Шахријар Мамедјаров реми,
Дмитри Андрејкин – Александер Гришчук реми,
Јанг Ји – Ју – Сергеј Карјакин реми,
Дмитри Јаковенко – Аниш Гири реми и
Јури Криворучко – Јан Непомниачи реми.

Распоред на двојките на дуелот Гамбит Асеко – Дунајска Стреда:
Петар Арнаудов – Тамаш Петењи 1:0,
Никола Николовски – Миклош Немет реми,
Богдан Подлесник – Алберт Бокрош 0:1,
Орце Данчевски – Атила Чебе реми,
Дејан Динев – Золтан Варга 1:0 и
Љубиша Андоновски – Иштван Атила Цонка 0:1.

Утре се играат мечевите од последното 7.коло.

Би можело да ве интересира

Високите амбиции го враќаат шаховскиот клуб АЛКАЛОИД повторно во борба за европскиот клупски трон

ВИДЕО: Русинка ја отру противничката на шаховски турнир, надзорните камери снимија се

Титулата е одбранета: Шахистите на Алкалоид повторно до шампионскиот наслов!

Горан Наумовски

Шаховската сезона продолжува со отворените првенства на Македонија – ИМ Панчевски и ИМ Коскоска се први носители

ШК Алкалоид со нови медали на младинските првенства, промовиран и ШК Мулти Есенс

Предраг Петровиќ

Полски шахист одби да се ракува со рускиот велемајстор, кој е жесток поддржувач на Владимир Путин

Предраг Петровиќ