Алкалоид ја преживеа пенал драмата и избори историско европско финале

Од:

Алкалоид за првата титула во Европа, откако избраниците на Кирил Лазаров го преживеаја тешкото гостување во Норвешка и преку пенал драма се изборија за финале во Европскиот Куп на ЕХФ.

По победата од 42:37 во Скопје, сите во таборот на Алкалоид беа свесни дека ќе ги чека пеколно тешка задача во Сандефјорд, а иако очекувањата се исполнија, трилерот заврши со среќен крај за тимот од Автокоманда.

Алкалоид цел натпревар бркаше резултат и уште во воведот од мечот ја загуби предноста од пет голови разлика, бидејќи Рунар тргна фуриозно и поведе со 6:1 во раната фаза. Тоа ги осколи домаќините да бркаат убедлива победа за финале, но свои пресметки си имаа и избраниците на Лазаров, кои некако успеаја да се приберат и да не дозволат уште повисока предност на Рунар.

Во финишот Рунар имаше резултат кој го водеше во финале (34:28), но Мартин Ивановски погоди за 34:29 и така го однесе двомечот во пенал завршница.

Драмата секако кулминираше со изведувањето на седмерците, но македонскиот претставник имаше повеќе нерви и со триумф од 3:1 во пенал рулетот се пласираше во прво и историско финале во Европа. Рунар не реализираше три седмерци, а стрелци на погодоците на Алкалоид беа Серафимов, Митев и Петковски.

За трофејот од ЕХФ Европскиот куп Алкалоид ќе се бори против АЕК од Атина