Македонскиот шаховски првак Алкалоид со победа од 5:1 над германски Шахфројнде Берлин го почна Европскиот клупски куп.
Цел поен за „фармацевтите“ освоија: Динг Лирен на првата табла со бели фигури, Дмитри Андреикин на втора табла со црни фигури, Ју Јангји на четвртата табла со црни фигури и Филип Панчевски на шестата табла со црни фигури. Ремизираа Дмитри Јаковенко на третата и Криворучко на петтата табла со бели фигури.
Во останатите мечеви, сите фаворити одиграа без поголеми изненадувања остварувајќи високи победи во мечевите.
Во второто коло екипата на ШК Алкалоид за противник ќе ја има екипата на Јелица ПЕП – Гораќиќи, составена од млади српски шахисти.
И вториот македонски претставник на ова натпреварување, тимот на Гамбит Асеко со триумф од максимални 6:0 беше подобар од Кардиган. Победата ја обезбедија: Петар Арнаудов, Мартин Перцивалди, Орце Данчевски, Зоран Стојчевски, Дејан Динев и Никола Николовски.
Следен противник на Гамбит ќе биде Шахгезелшафт Риен.
Мечевите од 2.коло ќе се играат денеска со почеток од 15 часот.