Шампионот на релито Дакар од 2011 година Катарецот Насер ал Атија триумфираше на 6. етапа возена од Арика до Калама во должина од 767 километри.
Тој брзинскиот специјал до 454 километри го заврши за 3:32:08 часа, повеќе од осум минути пред бранителот на трофејот Стефан Петерхансел. Третото место го освои Роби Гордон со пет минути зад Петерхансел.
Катарецот заостанува нешто над една минута зад Петерхансел во генералниот пласман.
Франциско Лопез триумфираше во родното Чиле во конкуренција на моторцикли со време 3:36:21 часа пред Рубен Фарија и Сирил Депре.
Французинот Оливие Пан води во Генералниот пласман пред Депре
Утре Дакар се сели во Аргентина од Калма до Салта.