Поранешниот српски репрезентативец и фудбалер на Нови Пазар, Адем Љајиќ, утринава направил голем инцидент во хотелот „Холидеј ин“ во Белград кога во алкохолизирана состојба побарал пијачка, но рецепционерот му рекол дека работното време завршило.
Љајиќ потоа вербално, а потоа и физички го нападнал, по што била повикана полиција. На местото на настанот излегле припадници на јавниот ред и мир кои не можеле да го легитимираат бидејќи немал никакви документи со себе.
Потоа е приведен и задржан во полициска станица, каде што останал додека не се отрезнил.
Љајиќ кривично ќе одговара бидејќи Третото основно јавно обвинителство во Белград донело наредба според која полициските службеници од ПС Нови Београд против него ќе поднесат пријава, што е објавено и на веб-страницата на оваа институција.
– Адем Љајиќ го сторил кривичното дело Попречување на службено лице во вршење на службената должност од член 23 од Законот за јавен ред и мир, кое го сторил на 18.5.2024 година во раните утрински часови во Нов Белград. По пријава на граѓанин за нарушен јавен ред и мир, полициски службеници излегле на местото на настанот и го затекнале А.Љ. навредувајќи ги полициските службеници и попречувајќи ги во вршењето на службената должност. Алкотестот утврдил дека обвинетиот има 2,2 промили алкохол во крвта, а обвинетиот ќе биде сослушан во редовна постапка за сите околности на извршување на кривичното дело – се вели меѓу другото во соопштението.
Според српскиот Кривичен закон, доколку претходно бил осудуван, му се заканува затворска казна од шест месеци до две години, а постои и можност за условно ослободување доколку зад себе нема кривични пресуди.