Популарниот српски фолк пејач Аца Лукас е избран за претседател на фудбалскиот клуб „Тимок“ од Заејчар.
На Генералното собрание на клубот беше решено Аца Лукас да ја преземе функцијата претседател и да го поведе клубот од Заечар кон елитата во српскиот фудбал.
Амбициозното раководство на ФК „Тимок“ и раководството на градот Заечар направија проект за обновување на градскиот стадион. За таа цел се одделени и значителни средства за екипата, која се надева дека ќе биде сериозен кандидат за влез во Првата српска фудбаска лига.
Лукас е и член на Генералното собрание на ФК „Црвена ѕвезда“.
Фолк пејачот честопати е дел од скандали. Во 2003 година во рамки на полициската операција „Сабја“ беше уапсен и осуден на четири месеци затвор за незаконско поседување пиштол. Лукас има проблеми со коцкањето и со наркотици, заради кои неговата кариера беше во прекин две години. На 3 февруари 2009 година Лукас беше погоден во нога со два куршума, додека влегувал во својот автомобил на паркинг во Нов Белград.