25-годишник кој не сака да се занимава со овој спорт го освои златото во фрлање диск на Олимпијадата

Од:

Јамајканецот Рој Стоун на сензационален начин славеше во фрлањето диск на Олимписките игри во Париз, а она што е куриозитет е што 25-годишникот воопшто не сака да се занимава со овој спорт.

Стона сонува за кариера во американскиот фудбал, иако неуспешно се испроба за НФЛ тимовите Грин Беј Пекерс и Њу Орлеанс Сејнтс.

Токму затоа, кога одеше до теренот, со рацете симулираше фрлање на топката во стилот на бековите од НФЛ.

Додека не добие шанса во НФЛ, времето го поминува со фрлање ѓуле и диск. И додека е просечен натпреварувач во фрлање ѓуле, стана олимписки шампион и олимписки рекордер во фрлање диск.

Голем фаворит за злато беше Литванецот Миколас Алекна, кој во втората серија оствари далечина од 69,97 метри, соборувајќи го олимпискиот рекорд поставен од неговиот татко Виргилиус Алекна (69,89 метри) пред 20 години во Атина.

Но, во четвртата серија Стоун го фрли дискот точно 70 метри и го надмина рекордот на Миколас и му беше доделена титулата олимписки шампион.

Австралиецот Дени Метју (69,31 метар) ја освои бронзата, додека Словенецот Кристијан Чех (68,41 метар) остана без медал, кој мораше да се задоволи со четвртото место.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Боксерката Келиф во неочекувано издание: Со објава го возвраќа ударот

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Најлошата натпреварувачка на Олимпијадата во Париз ќе заработи милиони како интернет сензација

Предраг Петровиќ

Во Боцвана е прогласен полудневен празник во чест на спринтерот кој воодушеви во Париз

Предраг Петровиќ

Ливерпул трајно го промени изгледот на грбот, отстранети се три важни клупски симболи

Предраг Петровиќ

Скандалот со ОИ продолжува – Американците одбиваат да го вратат медалот

Предраг Петровиќ