Министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ зборуваше зошто телото на убиената Данка Илиќ се уште не е пронајдено.
Гашиќ соопшти дека имаат сознанија дека еден од двајцата осомничени го пренел телото на Данка Илиќ на друга локација.
„Ги донесовме следниот ден, ги полиграфиравме. Возачот на автомобилот имаше задоцнета реакција на полиграфското тестирање, додека сопатникот веднаш реагираше. Веднаш им ги одзедовме автомобилите. Тој автомобил беше полн со алат и резервни делови. Двајцатата не однесоа на депонија за да ни покажат каде е телото, но имаме информации дека еден од нив се вратил на 28-ми и го пренел телото на друга локација. Не можеме да им веруваме бидејќи се обвинуваат меѓусебно“, рече Гашиќ.