Зошто не успеваа преговорите за мир

Од:

Како сме измамени, бидејќи немавме доследност во борбата за нашата држава

Дневни Аваз – Сараево

Денес на сите страни се слушаат гласови дека е потребно да се направи се да дојде до помирување меѓу учесниците на војната која настана поради српската и хрватската со ништо мотивирана агресија на БиХ.

Имено, ни Србите како народ, а ни Хрватите немаа никаква причина со убивање, палење и уривање на се што е босанско да ги остварат целите кои на ниту еден начин и во ниту една смисла не произлегуваа од историјата на нашите меѓусебни односи, туку беа проекција на односите меѓу Србите и Хрватите на поширокиот простор на поранешната држава.

Геноцидни средства

И Србите и Хрватите имаа идеја да го довршат процесот на националната еманципација за остварување на сонот за единствена држава во која двете страни би ја вклучувале и Босна, поради што ја уриваа државата која не пружаше можност такви држави легално да се основаат. Србите својата последна акција ја прикриваа со тезата за спасување на Југославија, иако од неа се отпишаа Словенија и Македонија, сметајќи ги БиХ и Црна Гора веќе тогаш за српски територии.

Кога БиХ не се согласи да остане во намалената нова држава во која доминираа Србите, тие одлучија да ја казнат почнувајќи агресија која беше изведена со геноцидни средства на војување. Значи, тука не се работеше за внатрешен судир, туку за воена интервенција на Србија изведена преку партијата Српска демократска партија (СДС).

Секако, агресијата не можеше да ја изведе никаква партиска вооружена сила, иако таа беше забрзано создавана цела 1991 година, туку основата на агресијата ја вршеше ЈНА.

Кога стана јасно дека на БиХ и се поставува дилема или во заедничка држава под терористичка влада на Милошевиќ или војна, кога ЈНА веќе на големо и отворено вршеше воени подготовки за агресија, создавајќи обрач околу Сараево и запоседнувајќи ги сите стратешки позиции во земјата, па и кога отворено ги вооружуваше членовите на СДС, пред Босанците се постави прашањето што да се прави.

Јасно беше дека односот на силите апсолутно беше во корист на идниот агресор. Тој поседуваше многу добро вооружена, организирана и водена армија, непресушен арсенал на оружје и резерви на материјали кои се потребни за војување, но беа подготвени за евентуална одбрана од агресија од Исток и Запад, како и повеќекратна надмоќ во бројот на можните војници, па како реална и рационална се јави идејата да се преговара со цел избегнување на војната, најавена Босанците во познатиот говор на радован Караџиќ во Собранието на Босна и Херцеговина.

Разгледувајќи ја настанатата состојба влошена со се почести извештаи за договорот меѓу Милошевиќ и Туѓман на предлог на договорот за поделба на БиХ од 1939 година, а тие разговори ги водеја Алија Изетбеговиќ, Адил Зулфикарпашиќ и Мухамед Филиповиќ, заклучено е дека мора да се преговара со цел да се избегне војната и да се зачува територијалниот интегритет на земјата и статусот на држава каков што беше дефиниран во тогашниот устав.

Кога беше побарано преговорите да ги почне Изетбеговиќ, тој рече дека тоа не би било добро, бидејќи Србите во него немале доверба, па преговорите да ги водат Зулфикарпашиќ и Филиповиќ.

Прекинати разговори

Двајцата го одбија предлогот поради недоволна легитимација, па Изетбеговиќ рече дека ќе даде јавна поддршка на преговорите и преговарачите, што и навистина го направи. Овие преговори добро течеа и беше констатирана согласност од двете страни, вклучувајќи го и Изетбеговиќ, но тие без никаква причина и објаснување нагло де прекинати со еднострана одлука на Партијата за демократска акција (СДА) која го одби не само тие, туку било какви други преговори и договори со Србите.

Последица беше војната, ако таа не би била спречена со интервенција на големите сили. Таква интервенција немаше и војната почна како што сите знаеме со истовремени напади на српските сили, заштитени од ЈНА и зајакнати со бројни паравоени формации од Србија, на сите стратешки точки, од Сараево до Босанска Краина и источна Босна и Херцеговина, а тој напад од почеток носеше карактер на војна против Босанците, а не на борба за контрола на територии или државни институции, што потврдува дека се работеше за агресорска војна.

Геноцидот беше основен метод за војувањето кој го примени српската страна. Така преговорите да се избегне војната пропаднаа и сите идни подоцна не беа водени за да се избегне војна, туку евентуално да се спречи, но за тоа цена беше поделба на нашата држава и таа цена ја побараа посредниците, европските сили, од самиот почеток, од планот на Кутиеро до планот на Холбрук, кој е единствен спроведен и на кој се темели сегашната состојба на нашите односи.

Значи, преговорите од почетокот беа водени под контрола на Европската унија и нејзините водечки земји Велика Британија, Франција и Германија и така беше се до пропаста на планот Овен-Столтенберг, кога водењето го презема дипломатијата на САД. Она што беше карактеристично за сите овие преговори е дека тие не се водени како преговори на две вистински завојувани држави, т.е. Србија и БиХ, туку со цел за полесно манипулирање и водење на преговори беше направена една конструкција во која на една страна се најдоа сите агресори, нивните покровители и адвокатите на нивните интереси – Република Српска, Херцег-Босна, Србија, Хрватска, главните европски земји и САД, а на другата страна се наоѓаше осамената БиХ.

Вистинскиот однос така беше извртен и наместо да се преговара во ОН и ЕУ од БиХ како жртва на војната и агресијата и дури и геноцид на една страна; и агресорите Србија и Хрватска со нвините филијали од РС и Херцег-Босна на друга страна, односот беше извртен и БиХ беше жртвувана, за сега над неа да леат крокодилски солзи нејзините упропастувачи.

Ниту една од страните наведени во првиот дел на реченицата не стоеше на ставот за зачувување на територијалниот и државно-правниот интегритет на државата Босна и Херцеговина и нејзината независност, туку сите тие како основа за разговори го прифатија правото на Србите и Хрватите на отцепување во посебни територијално дефинирани облици на организирање кои стојат наспроти државата Босна и Херцеговина како целина.

Значи, ние никогаш не добивме шанса да преговараме со тој кој ја почна војната против нас и нашата држава. Постоеја и некои други обиди да се покренат директни преговори меѓу Србија и БиХ и тие преговори почнаа во раната пролет во 1995 година, кога писателот на овие редови, по налог на Алија Изетбеговиќ, го посети Белград и водеше подолги разговори со Слободан Милошевиќ, но тие како што се чинеше, изгледни преговори беа нагло прекинати поради, како што лично ми рече Изетбеговиќ, фактот дека тие директни преговори го исклучуваат посредувањето на европските сили и САД и за нив биле неприфатливи.

Тоа значи дека ние дури сега и по се што преживеавме имаме некоја шанса директно да преговараме, но сега не повеќе за мирот, туку за помирување, а тоа значи и со сите траги на една ужасна и суштински апсурдна и сосема непотребна војна.

автор: Мухамед Филиповиќ

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски