Припадниците на грчката неонацистичка партија„ Златна зора“, дивееја денеска низ Атина.
Самоволно вршеа претреси и кршеа тезги во центарот на Атина, на местото каде што највеќе тргуваат имигранти.
Предводени од двајца пратеници, десетици луѓе во црни маички со логото на партијата барале од странците – малите продавачи, да покажат доказ за нивното право да тргуваат, објавија локалните медиуми.
„Припадниците на ‘Златна зора’ го направија она требаше да го направи одамна грчката држава.Ние ја запревме трговијата со нелегални стоки”, се вели во соопштението објавено на интернет страницата на партијата.