„Златна зора“ бара проверка на парламентарците дали користат дрога

Од:

Грчки пратеник од крајнодесничарската партија „Златна зора“ побара претставниците во Парламентот да бидат проверувани не само за оружје туку и за наркотици, објави весникот „Имерисија“.

Христос Папас од „Златна зора“ укажал без да достави докази, дека во грчкиот Парламент се врши шверц и употреба на наркотични средства.

Барањето било претставено за време на средба на лидери на политички партии и предизвикало остри реакции, наведува весникот.

Пратеници од ПАСОК и Демократската левица ги оквалификувале тврдењата на Златна зора како „бесмислени и недозволени“.

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина