Живко Будимир за пари помилувал и педесетина осудени убијци

Од:

Меѓу осудениците кои за одреден паричен надомест ги помилувал претседателот на Федерацијата Босна и Херцеговина, Живко Будимир, има и педесетина затвореници, осудени за убиства, објавија сараевските медиуми, повикувајќи се обвинениеот акт.

Будимир и ште четворица негови соработници и помошници, беа уапсен на 27 април оваа година, под обвинение за помиливање на лица кои ги издржуваат затворските казни за пари.

Според медиумите во Сараево, меѓу ослободените се наоѓа и извесен Милорад Станиќ, кој е осуден за воени злосторства, затоа што во август 1992 година ладнокрвно убил човек само затоа што бил Бошњак.

Обвинителството го товари Будимир и за ослободувањето на еден сараевски угостител, иако полицијата знаела дека неговиот објект е легло на проституција.

Корупцијата при помилвањата траеле од март 2011 година, па се до апсењето на Будимир и четворицате негови соработници.

Обвинителство на БиХ се согласува дека Будимир „повеќепати бил измамен“ од своите соработници, како и дека не добил многу од парите што тие ги земале за секое од ослободувањата, но дека знаел оти помилувањата се наплаќаат за „дебели пари“.

Сараевските медиуми тврдат дека Будимир од оваа корупциска афера не сакал да има само материјална полза, туку платените помилувања требало да му обезбедат и „заштита за во иднина“.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски