Живко Будимир: Босна се распаѓа по 2014 година

Од:

Живко Будимир, претседателот на Федерацијата Босна и Херцеговна, ги шокираше присутните во Вашингтон на своето обраќање за актуелната состојба во неговата земја, со најавата дека доколку не дојде до сериозни реформи и промени, БиХ ќе почне да се распаѓа од 2014 година.

Будимир побара поддршка од меѓународната заедница за неговата програма, а во спротивно најави распад на земјата, пренесува дописникот на МИА од Вашингтон.

-Претставниците на меѓународната заедница кои искрено имаа интерес за зачувување на Босна и нејзин просперитет немаа вистински соговорник од наша страна. Сите три заедници ги мамевме и уште ги мамиме меѓународните претставници. Дојдено е време во Босна и Херцеговина да се соберат позитивните сили кај сите три народи, што не беше присутно во изминатите 15 години. Ги повикувам сите меѓународни субјекти да го искористат овој нов момент, а воедно да ги удрат по прстите овие што сакаат да ни ја растурат Босна и Херцеговина. Ако тоа не го сториме, тогаш процесот на распад на Босна и Херцеговина ќе следи по 2014 година. Да бидеме отворени, изјави Будимир во своето обраќање пред Центарот за трансатлански односи во Вашингтон.

Во својата програма, Будимир бара меѓународна поддршка за борба против корупцијата, санкции за сите политичари кои зборуваат за отцепување од Босна и активности за повоено помирување и враќање на бегалците.

Будимир, кој е претставник на хрватската заедница во Босна и беше избран за претседател преку Хрватската партија на правото, предупреди и на нееднаквата положба на Хрватите во Босна.

Во своето двочасовно обраќање, Будимир во детали го претстави својот план за територијални промени меѓу Република Српска и Федерацијата Босна и Херцеговина, двата составни ентитета на Босна, чија цел би била да се спречи одделувањето на Република Српска.

Будимир побара создавање на нов кантон, со мнозинско хрватско население, во областа на Брчко, градот кој ги поврзува источниот и западниот дел на Република Српска.

Дополнително, Будимир предупреди против барањата на Србите во Босна да издејствуваат автономија на четири кантони на југозападот на Федерацијата Босна и Херцеговина, во кои има мнозинско српско население. Будимир обвини дека ова може да води до распад на Босна, велејќи дека некои од европските претставници, пред се поранешниот висок претставник за Босна Мирослав Лајчак, отворено работеле на распад на Босна.

Претседателот на Федерацијата Босна и Херцеговина меѓу политичарите кои имаат криминални врски и кои работат против интересите на Босна го вброи и Фахрудин Радончиќ, од неодамна министер за безбедност на Босна и Херцеговина.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски