Жена загина во пожар во стан во центарот на Софија

Од:

Жена загина во пожар во станбена зграда во центарот на Софија, објавија бугарските медиуми.

Пожарот избувна рано утринава во 2:20 часот во станбена зграда во центарот на бугарската престолнина. На местото на настанот веднаш се испратени возила на брзата помош и на противпожарните служби.

Министерството за внатрешни работи на Бугарија соопшти дека пожарот го предизвика психички болно лице.

Според службите за итни случаи, починатата жена е на 42 години.

Повредени се 9-годишно момче и две девојчиња, на 2 и 11 години.

Тие се примени во болницата „Пирогов“, а 41-годишен маж и 71-годишна жена се примени во Воено медицинската академија.

Човекот што го подметна пожарот е уапсен. Тој е во добра состојба.

Би можело да ве интересира

Софија ја поддржа позицијата на Италија, Белгија и Малта за замрзнатите руски средства

Докторот Ненад Цоневски ќе одговара за „екстремна суровост кон животно“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Лекар од Македонија прегази куче во Софија, виде дека е под тркалото и продолжи да вози преку него

Катерина Ѓуровски

ВО МКИЦ во Софија отворена изложбата „Слики од под планината“ на Сергеј Андреевски

Ангелов: Откриен обид за предизвикување пожар на Осоговските Планини

Демаршот на бугарскиот амбасадор ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот, а не од министерот Муцунски