Земјотрес со јачина од 5,3 степени утрово погоди делови од северозападна Грција и регионот околу популарниот туристички остров Крф.
Според Геодинамичкиот институт на Универзитетот во Атина, умерениот потрес се случил околу 5:32 часот по локално време.
Грчките медиуми објавија дека земјотресот e почувствуван и во јужна Албанија. Епицентарот на земјотресот e на брегот во близина на регионалниот главен град Јанина, на длабочина од околу 10 километри. Следеa бројни помали последователни потреси.
Многу жители се разбудиja и истрчаa од своите домови. Локалните медиуми објавија дека има привремени прекини на електричната енергија во некои региони. Има и мали лизгања на земјиштето.
– Досега нема извештаи за повредени или значителни штети на зградите, изјави експертот за земјотреси Ефтимиос Лекас за грчката телевизиска станица ERT News.
