Нов силен земјотрес во Грција

Од:

Земјотрес со интензитет од 4,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 7.18 часот во Егејското Море, Грција.

Земјотресот е регистриран на 30 километри од Мирина на островот Лемнос.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓа во областа со географски координати на географска ширина 40.1094 и географска должина 24.8924.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 11 километри под површината на земјата.

Во моментов нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Грција

Силен земјотрес на Крит

Силен земјотрес ја погоди Грција: Се почувствуваа во Албанија и Македонија

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во западните и југозападните делови на Републикава, епицентарот во Грција

Земјотрес со јачина од 5,3 степени ја погоди Грција

Силен земјотрес ја погоди Грција