Земјотрес со јачина од четири степени според Рихтер беше регистриран денеска во областа Газијантеп, во јужна Турција, јави турската телевизија НТВ, повикувајќи се на извештај на Дирекцијата за справување со непогоди и вонредни состојби.
Епицентарот на потресот бил во градот Нурдаги, на длабочина од 7,26 километри, пренесува БТА. Засега нема информации за повредени, ниту пак, за материјални штети.