Земјотрес ја погоди Албанија

Од:

Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 8.08 часот во Албанија.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил на околу 35 километри од Елбасан.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 15 километри под површината на земјата.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Албанија, источно од Саранда

Земјотрес во Албанија

Земјотрес со јачина од 4,5 степени ја погоди Албанија

Горан Наумовски

Земјотрес во Албанија