Заврши пописот на население во БиХ, првите резултати се очекуваат во јануари

Од:

Првиот попис на населението во Босна и Херцеговина по војната во земјата (1992-1995), заврши успешно, оценија денеска боснаски претставници и директорот на Евростат, Питер Еверерс.

Директорот на босанската Агенција за статистика (БХАС) Зденко Милиновиќ изјави дека првичните резултати од пописот треба да бидат објавени во рок од 90 дена, а за обработка и објавување на целосните резултати ќе бидат неопходни уште 15 месеци.

Тој наведе дека за пописот, кој траеше од 1 до 15 октомври, биле ангажирани 25.000 луѓе, а за нивната работа имало минимален број на поплаки.

Пописот на населението во БиХ беше следено од 33 набљудувачи на меѓународни агенции, кои ќе бидат ангажирани и за контрола и обработка на податоците се до објавувањето на крајнитре резултати.

– Забележани се некои мали проблеми, но тоа е вобичаено при секој попис – истакна Еверерс, додавајќи оти пописот е направен согласно со меѓународните стандарди.

Би можело да ве интересира

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он