Завршен е извештајот на вештаците по судска медицина во врска со смртта на осмиот турски претседател Тургут Озал, јави Анадолија, дополнувајќи дека извештајот е доставен и до Државното обвинителство во Анкара.
Осмиот претседател на Турција Тургут Озал, именуван е на таа функција во 1989 година, а почина во 1993 година. Соопштено е дека Озал починал од срцев удар, но поради сомнение дека бил отруен, судот во Анкара во септември оваа година донесе одлука да се отвори неговиот мезар поради аутопсија.
Мезарот е отворен и аутопсијата е извршена на 3 октомври 2012 година.
Во извештајот, како што пренесуваат турските печатени медиуми, судските вештаци донеле заклучок дека во останките на Озал има отровни материи, но тие не успеале да дадат едногласно мислење за тоа дали присуството на отровите е причина за смртта на турскиот претседател.