Затворен Националниот музеј на БиХ по 124 години

Од:

Националниот музеј на Босна и Херцеговина, кој постои веќе 124 години, од денеска е затворен поради политички спорови и недостиг на финансии.

Со Дејтонскиот мировен договор од 1995 година, со кој беше ставен крај на Војната во БиХ, не се предвидува постоење на централно Министерство за култура, така што Националниот музеј остана без институција која би била надлежна за негово финансирање и контрола.

Последниве 12 години Музјеот се финансира од донации и не добива никакви средства во државните органи, а вработените не примиле плата веќе една година.

Од утрово вратите на Музејот се заклучени и на влезот е закачена табла на која со големи букви пишува: „Затворено“.

Во знак на протести поради негрижата на државата, неколкумина членови на студентски ораганизации се заврзаа за столб во лобито на Музјеот и најавија дека ќе останат таму да протестираат се додека оваа национална институција не биде повторно отворена.

Националниот музеј на БиХ вклучува голем број експонати, меѓу кои најпознат е 600 години стариот еврејски ракопис „Саравеска хагада“.

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина