Затвор во БиХ нема ограда, но никој се уште не избегал

Од:

Казнено поправниот завод КПЗ Требиње е единствена установа од овој вид која нема заштитна ограда, но каде што никогаш не е забележан ниту еден случај на бегство, рече директорот на КПЗ Требиње, Славиша Јанковиќ.

Тој појасни дека Земјоделската единица Пударица, која работи во состав на КПЗ има фарма за свињи на која успешно работат пет осудени лица и напомена дека и останатите затвореници се ангажирани со работа, како реконструкции на училишта, болници, производство на леб, а овозможено им е и да се занимаваат со спорт.

-Во нашата установа владее таква клима, што затворениците можат да работат и без надзор -вели тој и додава дека и условите за престој во последно време се подобри.

Јанковиќ истакна дека благодарение на Владата на Република Српска која издвоила околу 76.000 евра, пред неколку месеци се реконструирани просториите на КПЗ Требиње, со што е проширен и капацитетот на објектот на јужната страна за 30 проценти.

-Капацитетот во нашата установа, која функционира од 1992 година сега изнесува 100 места- вели Јанковиќ и додава дека се надева дека ќе дојдат до средства со кои ќе се изгради и заштитна ограда, пристапен пат и кат.

Инаку КПЗ Требиње е установа од полузатворен тип и се наоѓа во урбан дел од градот, а во неа е превидено отслужување на казна затвор до три години, иако одговорните истакнуваат дека тука има и затвореници кои што се осудени на пет, десет и повеќе години.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници