Со проекцијата на филмот „Деца“ на Аида Бегиќ, на 6-ти јули свечено е отворен 18-от Sarajevo Film Festival (SFF), најголемата регионална филмска смотра.
На Фестивалот кој ќе трае до 14-ти јули, ќе бидат прикажани вкупно 210 кратки, играни и документарни филмови од 57 земји.
Покрај филмот „Деца“, уште осум филмови ќе се натпреваруваат за најпрестижната фестивалска награда „Срцето на Сараево“ во категоријата – игран филм. Покрај признанието, првонаградениот добива и парична награда од 16 илјади евра.
На чело на жирито оваа година е унгарскиот режисер Корнел Мундруцо.
За првото место во категоријата – краток филм, ќе се борат десет, а во категоријата документарен филм – 22 филмови.
Ќе биде прикажан и филмот „Јас Ана“, на Шарлот Ремплинг, која е најавена како еден од специјалните гости на овогодинешното издание на Sarajevo Film Festival.