Запленети 601 килограм албанска марихуана

Од:

Грчката полиција само во текот на вчерашниот ден, во три одделени акции, запленила вкупно 601 килограм албанска марихуна и уапси тројца албански државјани, јавија албанските медиуми.

Две акции биле преземениреализирани во близина на градот Игуменица, додека третата била во близна на Јанина.

Вчера претпладне во автомобил со грчки регистраски табличи, упарвуван од албански државјанин полицијата открила и запленила 159 килограми марихуана, кај селото Пласио во блиизна на Игуменца. Крајната дестинација била Атина. Попладне пак запленети се 244 килограми. Дрогата била пакувана во 205 пакетчиња и ставена во осум патни торби, и оваа количина на дрога требало да заврши на грчкиот наркопазар.

Во последната акција реализирана доцна попладнето полицијата запленила 108 килограми во близина на пограничниот град Јанина. Уапсен е 26-годишен албански државјанин, во чиј автомобил е пронајдена и автоматска пушка „калашњиков“.

Според албанските медиуми заплетата количин дррга, во сите три акции потекнувала од селото Лазарат, познато по производство на холанска сорта марихуана.

Италијанските власти, завчера во пристаништето Бари, запленија 600 килограми мархуана, чија вредност на пазарот достигнува 4,5 милиони евра. Од почетокот на годинава само италијанската олиција има запленето над три тони албанска марихуана.

Би можело да ве интересира

Дрога, оружје, пари и мобилни телефони најдени при претрес кај скопјанец

А1он

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Полицијата уапси дилер во Штип, пронајдена е дрога во неговиот дом

Горан Наумовски

Приведен дилер во Тетово, пронајдена дрога

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Предраг Петровиќ