Запалена куќата на чичкото кој си ја уби внуката, се обидел да има односи со неа, кога го одбила, ја избодел со штрафцигер

Од:

Куќата на чичкото кој е осомничен за убиство и обид за силување на неговата 11-годишна внука во Грција, вчера пред нејзиниот погреб била опожарена. Објектот во Миртија Пиргош во месноста Илија бил запален неколку минути пред погребот на малата Василики која исчезна во неделата, а нејзиното тело со бројни повреди беше пронајдено во понеделникот на нива.

Осомничениот за убиството признал дека сакал да има односи со девојчето, но кога таа го одбила ѝ се заканилa дека ќе им каже на родителите тој ја избодел со шрафцигер, а потоа го фрлил телото во поле.

Бројни членови на семејството на убиеното девојче и нивни пријатели сакале да го линчуваат осомничениот додека вчера бил донесен во обвинителството да даде исказ. На крајот, обвинителот мораше да оди во притворското одделение за да го сослуша осомничениот.

Пред самиот погреб пак на девојчето група непознати лица фрлиле бакљи кон домот на чичкото, а се верува дека станува збор за чин на одмазда за бруталната смрт на девојчето.

Пожарникарите брзо пристигнале на местото на настанот и го локализирале пожарот. Во куќата во моментот на нападот немало никој, бидејќи членовите на семејството на осомничениот претходно го напуштиле селото, стравувајќи дека може да се случи такво нешто.

Во 2017 година осомничениот за убиството на Василика бил уапсен за силување на 14-годишно дете. Според медиумите, се работи за роднина на таткото на Василика.

Во 2020 година, тој бил осуден на Закинтос, но бил ослободен на условна слобода во очекување на пресудата на апелациониот суд. Бил должен редовно да се јавува во полициска станица. Засега не е познато дали ја испочитувал судската наредба.

Би можело да ве интересира

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот