Западен Балкан треба да се вклучи во борбата против тероризмот

Од:

Во борбата против тероризмот и организираното префрлање на илегални имигранти потребна е тесна соработка и сојуз со државите од Западен Балкан, изјави денеска австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер.

Таа, по повод состанокот во рамките на безбедносното партнерство „Форум Салцбург“ во Санкт Пелтен за миграција, тероризам и кибер безбедност, нагласи дека во областа на азилот и миграцијата постои потреба за дејствување, пренесува Танјуг.

Микл-Лајтнер наведе дека само минатата година 278.000 луѓе илегално влегле во земјите-членки на ЕУ, а 60 проценти од нив преку Медитеранот, а останатите ја користеле балканската рута.

– Поради тоа во исто време сме фокусирани и на балканската рута, истакна Микл-Лајтнер, додавајќи оти е потребно вмрежување на полициите и интензивна соработка со партнерите како што се Фронтекс, УНХЦР и ЕАСО.

Таа посочи и дека се работи на воспоставување на мрежа во борба против лицата кои пренесуваат илегални имигранти.

Австриската министерка за внатрешни работи се осврна и на борбата против тероризмот, потенцирајќи дека тој проблем барал размена на информации со интензивно вклучување на Европол и Интерпол.

– Важно е да се вклучат државите од Западен Балкан во идната институција на Европол за пријавување на радикални содржини на интернет, наведе Микл-Лајтнер.

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Повик за голем митинг во Република Српска, пресудата за Додик пат кон распад на Босна и Херцеговина

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

Вучиќ со воз кон Сремска Митровица: Очекувам 120 илјади луѓе

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац