„Замокот на Дракула“ оствари добивка од 1,2 милиони евра

Од:

Музејскиот комплекс „Бран“ во Романија, попознат како „Замокот на Дракула“, минатата година на сопствениците од кралската династија Хабсбург им донел добивка од 1,2 милиона евра, јави ИТАР-ТАСС.


Како што денеска компанијата што управува со комплексот, од вкупните приходи во износ од два милиона евра, чистата добивка е 1,2 милиона евра.


„Замокот на Дракула“ е на второ место на листата на списанието „Форбс“ на најскапи замоци во светот, а неговата вредност се проценува на 140 милиони евра.


Вредноста на замокот што се наоѓа недалеку од романскиот град Брашов, во последните три години нарасна за повеќепати, а пред се откако државата му го врати на сопственикот, надвојводата Доминик де Хабсбург.


„Замокот на Дракула“ е најпосетувамиот туристички објект во Романија, со над 500.000 посетители годишно, од кои повеќето се странци. Меѓу посетителите на замокот биле и Кевин Костнер, Николас Кејџ, Куба Гудинг Џуниот и други познати личности.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ