Захарова за ситуација на Косово: Се наѕира вистински конфликт од големи размери

Од:

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова ги коментираше последните настани на Косово.

„Новото влошување што избувна во покраината убедливо покажува дека отстапувањето од сегашната регулаторна рамка за Косово само ги провоцира приштинските екстремисти. Ситуацијата не е далеку од вистински конфликт од големи размери“, рече Захарова како одговор на медиумско прашање за Косово.

Да потсетиме, синоќа се појави вест дека се слушнале истрели на северот на Косово, а денеска српската војска стационирала неколку топови и хаубици во близина на преминот Јариње, односно границата со Косово.

Косовските медиуми на српски и на албански јазик претходно синоќа различно објавија за пукотницата кај Зубин Поток на северот на Косово. Косовскиот онлајн портал наведува дека до пукањето дошло кога „специјалните сили на косовската полиција се обиделе да ги отстранат барикадите“ на еден од локалните патишта во општина Зубин Поток.

Приштински Коха, пак, тврди дека локалните Срби нападнале припадници на меѓународните сили (КФОР), а КФОР подоцна за тој портал го потврди пукањето „во близина на својата патрола“, но не и нападот.

Косовската полиција ги демантираше наводите на медиумите во Белград „за какви било конфликти со полицијата во Зубин Поток“.

Би можело да ве интересира

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни

Захарова: Украинските напади врз руски цивили докажуваат дека мирот не е на радарот на Киев

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Захарова: Русија очекува да се исполнат договорите постигнати со САД во Ријад

Захарова: Режимот во Киев напаѓа и тероризира цивили

Захарова: Москва нема намера да ја нападне Германија