Задолжителен седумдневен карантин за сите кои пристигнуваат во Грција

Од:

За сите оние кои во Грција ќе пристигнат на било кој начин и од било која земја, задолжителен е седумдневен домашен карантин, согласно министерската одлука од надлежните министерства и новите одлуки на Агенцијата за цивилно воздухопловство, што се во сила до 8 февруари.

Паралелно, ќе се спроведуваат и брзи тестови за дел од патниците согласно предвидениот процес според податоците внесени во специјалниот формулар Passenger Locator Form за патување во Грција.

Рапид тест ќе им се прави на сите патници кои пристигнуваат од Велика Британија, за кои се воведени посебни правила.

По истекот на седумдневниот карантин, потребно ќе биде да направат ПЦР тест и доколку е негативен, ќе заврши нивната домашна изолација, а во спротивно, карантинот ќе трае 14 дена.

За сите кои од странство пристигнуваат во Грција, задолжителен е негативен ПЦР тест, направен 72 часа пред патувањето.

Би можело да ве интересира

Во Грција на факултет само со сертификат за вакцина или негативен тест на сопствен трошок

Задолжителен седумдневен карантин при влез во Грција