Грчките сеизмолози регистрирале околу 21.500 земјотреси во близина на грчкиот остров Санторини во последните три недели.
На островот е воведена вонредна состојба, голем број жители побегнаа, а хотелиерите и другите од угостителството нестрпливо чекаат што ќе биде со сезоната, чиј почеток се ближи.
Santorini, rattled by 21,500 quakes, in limbo as tourist season nears https://t.co/c9nDC8sEs9
— dpa news agency (@dpa_intl) February 20, 2025
Јачината на земјотресите е намалена, па научниците се надеваат на постепено смирување на тлото, иако сеизмолозите не можат да ја исклучат можноста од голем земјотрес со јачина од шест или повеќе степени според Рихтеровата скала, пренесува ДПА.
На состанокот на владиниот кризен совет во Санторини беше кажано дека постои можност во случај на силен земјотрес да се урнат до 300 згради на работ на кратерот Санторини.
Кратерот Санторини настанал со вулканска ерупција пред околу 3.600 години, а денес на неговите стрмни рабови има куќи и хотели.