За 74 отсто намален бројот на патници на грчките аеродроми во првите седум месеци од годинава

Од:

Бројот на патници на грчките аеродроми во првите седум месеци од 2020 година е намален за 74,3 отсто во споредба со истиот период лани, а во јули намалувањето достигнува до 72,6 проценти, според податоците од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција.

Поконкретно, во периодот јануари – јули годинава бројот на патници на грчките аеродроми достигнал до 8,9 милиони, наспроти 34,7 милиони за истиот период лани.

Намалување за 60,3 отсто има и на бројот на летови, односно од 290.859 лани, оваа година во првите седум месеци, вкупниот број е 115.402 летови, од кои 48.062 од странство.

Во однос на месец јули, намален е и вкупниот број на патници (за 72,6 отсто), но и бројот на патници кои пристигнале од странство (намалување за 72,5 проценти).

Според статистичките податоци од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција, минатиот месец биле регистрирани 2.722.854 патници, наспроти 9.930.332 во јули 2019 година.

„Статистичките податоци од сите аеродроми продолжуваат да бележат драстичен пад на патничкиот сообраќај предизвикан од пандемијата Ковид-19“, коментираат од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он