Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ за денеска закажа консултации со парламентарните партии за нов мандатар, а опозициските партии најавија дека од него ќе побараат мандат за состав на преодна влада без Демократската партија на социјалистите, која, како што наведуваат, ќе организира нови избори кои би биле слободни и фер, јави Танјуг.
Владеачката Демократска партија на социјалистите на Мило Ѓукановиќ непосредно по соопштувањето на резултатите за мандатар го одреди заменик претседателот на партијата Душко Марковиќ и најави формирање власт со четири пратеници од малциснките партии и двајца од редот на Социјалдемократите.