Вујановиќ повторно кандидат на претседателските избори

Од:

Црногорската владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС) денеска ја достави до Државната изборна комисија кандидатурата на актуелниот претседател Филип Вујановиќ за претстојните претседателски избори, што треба да се одржат на седми април.

По поднесената кандидатура лидерот на ДПС Мило Ѓукановиќ изјави дека е убеден во победата на Вујановиќ.

ДПС го избра Вујановиќ за свој кандидат и покрај противењето на опозицијата дека тој нема право повторно да се кандидира за претседател, бидејќи досега двапати бил претседател.

Ѓукановиќ тврди дека Вујановиќ има право на уште еден реизбор бидејќи само еднаш бил претседател откако Црна Гора прогласи независност во 2006 година.

Досега кандидатурите ги доставиле лидерот на опозицискиот Демократски фронт, Миодраг Лекиќ и претставникот на Праведна Црна Гора, Раде Бојовиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски